Грејачи за индустриска и специјална намена

 

Во оваа категорија припаѓаат сите типови на електрични грејачи кои се составен дел на секоја гранка од индустријата, како што се:

    •  Оребрени Грејачи кои се применуваат во (комори за пластификација, вакумирки, пакување, каналски грејачи, топли завеси, сушари, трансформаторски келии итн)


     Галвански Грејачи (кои се употребуваат за загревање на флуиди во линиите за разни видови површинска заштита)


       Грејни Каблови (одржување температура на цевоводи, против замрзнување на сливници, олуци итн.)


       Грејачи за Алатни Машини (се вметнуваат во Преси, Турбини, Генератори)


       Грејачи за пратечки линии за мазут - блекоштапови (загревање на линиите со мазут во котларите, топланите итн)


        Залиени Грејачи (Пластичарска индустрија, Екструдери, заварување пластика, загревање на алатот и делови на машините итн)


        Грејачи за Разладни уреди (Одледувачи - Испаривачи)


       Грејачи за Медицински уреди ( Дестилатори, Стерилизатори, Автоклави, Забарски печки)


        Потопни Грејачи (Котли за Конфекции, Парогенератори, Догревачи на мазут, Загревање на уље, итн)


       Грејачи за пелетна индустрија (за сите видови печки на пелети, котлови, горилници, бренери)


    Патрон Грејачи (Пакерици, чевларска, пластичарска, гумена, прехрамбена, дрвопреработувачка, хемиска индустрија итн)


        Појасни грејачи (Екструдери, Брикетирки)


        Керамички грејачи (Топли завеси ,Сушари, Фенови, Мазут догревачи, Печки за термичка обработка итн)


       Грејни Канталови жици, спирали ( широк спектар на димензии на Канталови жици за загревање до 1300°Ц,  со пречник од  Ø0.1мм до Ø5мм)


        Отпорници ( покренувачи на мотори)


       Разни останати индустриски Грејачи за специјална намена, (кои се изработуваат по специјални барања на потрошувачите)

 

    Овде битно е да истакнеме дека можностите за производство на било кој грејач кој ви е потребен за било кој сектор во индустријата, можностите за негово производство ни се неограничени  и доволно  е да ни доставите цртеж, примерок (мустра), или ваша замисла (идеја), за она што ви  е потребно и нашиот стручен тим ке изработи соодветен готов производ, најдобар за вашите потреби.

Електрогрејачи Мис - Х

Ул. Крижевска бр.34,
2300, Кочани, Р. Македонија

P: +389 (0) 33 270 141 | +389 (0) 70 920 756  |

grejaci@yahoo.com

JoomShaper