2

Ние сме компанија за Производство на Електрични Цевни Грејачи, со повекегодишна локација во Пробиштип, а од 2017 година производниот погон е преместен на  нова локација во Кочани и сме единствена Фабрика во Македонија од ваков тип што имаме целосен и заокружен процес на производство на електрични грејачи.
Располагаме со најквалитетна опрема за производство на електрични цевасти грејачи од светски познатиот Шведски производител - КАНТАЛ, со годишен капацитет за производство од преку 220.000 парчиња.
Ваквата опрема комбинирана со нашиот високостручен кадар и  огромните 25 години искуство во ова поле на работа придонесоа да нашите производи се одликуваат со врвен квалитет, во согласност со нашето главно мото двигател на нашиот развој:

-    КВАЛИТЕТ  И КОНКУРЕНТНОСТ
Произведуваме цевни грејачи, патронски грејачи, појасни грејачи, керамички грејачи, галвански грејачи и други пратечки грејни елементи,
Цевните Грејачи ги изработуваме од  висококвалитетни иноксни цевки, со две варијанти на финален пречник на грејач кој може да биде Ф6,5 мм, и Ф8,5 мм., а должината на грејачот во развиена форма може да се движи од 100мм. до 5000мм., а потоа обликувани во најразновидни илјадници форми и типови на грејачи.

Како асортиман на грејачи огромна е листата на производи од нашето производство што се употребуваат во најразлични средини - медиуми на работа: (воздух, вода,  масла,  киселини,  разни флуиди и други), но  главно би ги ставиле во три категории:
      - Грејачи за домакинство и широка потрошувачка
      - Грејачи за Угостителска опрема и Пекарство
      - Грејачи за Индустрија и Специјална намена

Нашиот приоритет е да нашиот купувач во најкраток можен рок  добие најквалитетно решение по мерка, што значи дека нашето производство е флексибилно и ориентирано кон сите стандардни, а истовремено и кон сите спечифични барања на потрошувачите . Доволно е да ни доставите цртеж, примерок (мустра), или ваша замисла (идеја), за она што ви е потребно и нашиот стручен тим ке изработи соодветен готов производ, најдобар за вашите потреби.
За се што ви е потребно од било какви електрични грејачи, слободно контактирајте не, со задоволство ви стоиме на располагање.

Со почит,
Електрогрејачи МИС -Х
Виктор Гицов

 

Електрогрејачи Мис - Х

Ул. Крижевска бр.34,
2300, Кочани, Р. Македонија

P: +389 (0) 33 270 141 | +389 (0) 70 920 756  |

grejaci@yahoo.com

JoomShaper